УХМР со предупредување: Силен ветер во овие делови од државата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Управата за хидрометеоролошки работи издаде актуелно предупредување.

„Денес (четврток) особено во делови од Повардарието и во североисточните делови од земјата ќе засилува јужен до југоисточен ветер“, велат тие.

Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.