УЈП апелира: Доставете ги документите до сметководителите и поднесете ги ДДВ-04 пријавите навреме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Не чекајте до 25 декември 2024 година, уште денес доставете ги документите до сметководителите и поднесете ги вашите ДДВ-04 пријави за актуелниот даночен период навреме!, велат од Управата за јани приходи УЈП.

„Досега, само 7,15% од даночните обврзници ги поднеле пријавите. Не чекајте последен момент – поднесете ги вашите пријави навреме и:

-Избегнете санкции

-Бидете одговорни даночни обврзници

-Придонесете за економски развој

Навременото поднесување е клучно за даночната усогласеност на вашата фирма и за стабилноста на бизнисот и економијата“, велат од УЈП.