Мејди Мемети се пожали дека на неговиот син со посебни потреби му е укината социјална помош, под образложение, како што вели, дека тој како родител има пензија. Освен тоа, тој наведува дека од него е побарано да врати 40 илјади денари кои неодамна му биле исплатени за неговиот син. Но, Мејди тврди дека повеќе не живее со семејството, бидејќи со судска одлука е разведен од сопругата.
„Не разбирам какви пари да вратам, зошто до денес му ги дававте тие пари?! Зарем не знаевте дека тие пари нему му припаѓаат, додека денес бараат да ги вратам?“, вели Мејди Мемети.
За овој случај ТВ21 се обрати до Центарот за социјални работи Скопје чиј директор Хамза Амети, откако ги виде документите за случајот, ни рече дека одлуката е донесена бидејќи Мејди поседува 3 автомобили на неговот име и тоа не е дозволено за оние семејства кои добиваат помош за лица со посебни потреби.
„По Правилникот, корисниците на социјални права во семејството можат да имаат само еден автомобил, за жал во семејството на г. Мејди имаме 3 автомобили. Од датумот кога бил последниот автомобил, да речеме, лицето мора да ги врати парите. Имаме некои отстапки, можеме да се договориме со странката да ни ги врати парите на рати во Центарот“, вели Хамза Амети.
Мемети може повторно да ја врати социјалната помош за својот синот, ако тој како глава на семејството поседува само еден автомобил. По ова, како што изјави и директорот на Центарот за социјални работи, на 1-ви март повторно може да поднесе барање за остварување на правото на помош за неговиот син.
Инаку, се работи за случај кој беше пријавен во емисијата „Јави се на ТВ21“.
