Укината забраната за влез на муслимани во САД – Бајден ја запре изградбата на ѕидот кон Мексико

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заев најави можна соработка со опозицијата: Сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада!

Премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да разговара со опозицијата за идно формирање на Влада за национален спас....

Во моментов низ инфективните одделенија и болниците се лекуваат 795 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 492 пациенти...

Концерт во Израел, на трибините смеат само вакцинирани

Повеќе стоици лица кои се вакцинирани против коронавирусот, присуствувале во петокот на концерт на отворено, кој го организирала управата...

Рамчиловиќ: Формирањето една изборна единица од исклучително значење за македонската демократија

Пратеникот во Собранието, Зеќир Рамчиловиќ даде поддршка на предлог законот за измени на Изборниот законик со кој се предвидува...

Започна викенд lockdown кај нашиот сосед, затворено е сѐ до понеделник наутро

Во Србија попладнево започна lockdown кој ќе трае до понеделник до 06 часот наутро, односно немад а работат рестораните,...

Неколку часа по преземањето на должноста, Бајден во Овалниот кабинет на Белата Куќа потпиша неколку укази со намера веднаш да поништи повеќе важни одлуки на својот претходник Доналд Трамп.

Дел од указите кои што ги потпиша Бајден:

  • Запирање на изградбата на ѕид на границата со Мексико;
  • За укинување на забраната за влез во САД за државјаните на некои земји со муслиманско мнозинско население;
  • за укинување на дозволата за нафтовод од Алберта во Канада до Тексас;
  • продолжување на мораториумот на отплатата на долговите, за да спречи исфрлување од становите на луѓе кои се во тешка економска ситуација поради пандемијата од коронавирусот;
  • Задолжително носење маски во федералните објекти;
  • Формирање федерална канцеларија за координација на одговорот на пандемијата;
  • САД повторно да пристапат кон Париската спогодба за климата и во Светската здравствена организација (СЗО).

Бајден денеска ќе потпише десет извршни наредби за борба против коронавирусот, вклучително и наредба фондот за непогоди да се искористи за отворање училишта, додека истовремено се бара од луѓето да носат маски во авиони и автобуси“, изјавија официјални лица, пренесуваат американските медиуми.

„Ќе почнам денеска со кризната кампања против Ковид-19, заедно со економската криза, проследена со климатската криза и неколку егзекутивни акти кои ќе ги потпишам денеска“, истакна Бајден. 

Новиот американски претседател Џозеф Бајден синоќа стапи на функцијата како 46-ти претседател на САД и воедно стана највозрасниот претседател во историјата на Америка. Инаугурациската церемонија се одвиваше под силни безбедносни мерки со 25 илјади војници.