Украдени 2500 пити – готвачот вели да ги даруваат на гладни и изнемоштени лица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Британскиот готвач Томи Бенкс, кој има ресторан со „Мишелин“ ѕвезда, побара од крадците што му го украле комбето со 2.500 пити, да ги остават намирниците на место каде што можат да се искористат од гладни и изнемоштени луѓе.

Во објава на Инстаграм, Бенкс открил дека комбето со стока вредна 25.000 фунти (приближно 30.000 евра) е украдено, и ги повика крадците да ги донесат питите во локален општински центар или народна кујна.

„Знам дека сте криминалци, но можеби можете да направите нешто добро. Божиќ е пред нас, а многу луѓе се гладни. Не дозволувајте храната да заврши во ѓубре“, изјави Бенкс, додавајќи дека секој што ќе се обиде да продаде негови пити треба да го пријави.

Полицијата во Северен Јоркшир веќе започнала истрага и ги повикала сите што имаат информации да се јават.