Украдените два тона обработена марихуана од Јосифово пронајдени во Арачиново

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во полициска акција во скопско Арачиново се уапсени неколку лица, а откриена е и марихуаната која со камион била изнесена од склад за преработка на канабис во Јосифово ноќта во четвртокот, пренесува телевизија Телма.

Според нивни извори, пронајдена е украдената марихуана, а наскоро ќе следат повеќе информации.

Вечерва во Арачиново беше реализирана акција од страна на полицајци, како и припадници на специјалните и посебните полициски сили, а имаше и инспектори од крим-техника.

Според репортерот на ТВ21, на терен се повеќе од триесетина специјалци и голем број на полициски возила.

Инаку, марихуаната со тежина од два тона била украдена од погон за преработка во Јосифово, а била сместена во камион во 200 кутии.