Украинa: Експлодира главниот нафтовод што ja снабдува Москва

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Главен цевковод што испорачува нафтени производи за Москва експлодираше во рускиот Рјазански регион, дознава „Укринформ“ од извор во Службата за одбранбено-разузнавање на Украина.

Според извештаите, вчера се случила силна експлозија на нафтоводот Рјазан-Москва, еден од главните правци што го снабдуваат рускиот главен град со нафтени производи.

ткако локалните канали на Телеграм во Рјазан пријавиле гласна „експлозија“ на дел од нафтоводот, избувнал голем пожар. Противпожарни и итни возила биле испратени во рок од неколку часа за да го изгаснат пожарот, според Укринформ.

Жителите известија дека во реонот на село Божатково во Рјазањскиот округ има полициски и други екипи кои работат на отстранување на последиците од експлозијата и пожарот.

Според украинските медиуми, овој гасовод бил пренаменет од страна на Транснефт во 2018 година за снабдување со бензин и гориво на руската војска.