Украина може да биде примена во ЕУ „порано од 2030 година“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се бара временска рамка за тоа кога точно може да и се дозволи на Украина да се приклучи на ЕУ.

Таа вели дека процесот за приклучување е „заснован на заслуги“ и приклучувањето мора да биде корисно и за земјата апликант и за ЕУ.

Таа објаснува дека ЕУ не сака да даде цврст датум за тоа кога Украина би можела да се приклучи, бидејќи тоа може да значи дека и други земји апликанти ќе побараат таков датум.

Фон дер Лејен додава дека на Украина и оди добро и дека би можела да биде „примена порано од 2030 година“ доколку земјата продолжи „со таа брзина и со тој квалитет“.