Актуелната состојба со Украина само го зајакнува тоа што велиме дека е стратешкиот интерес Северна Македонија да биде дел од европското семејство, порачаа двајцата амбасадори Дејвид Гир и Сирил Бомгартнер. Сепак, според евроамбасадорот Гир, потребно е целосно спроведување на реформите бидејќи тие се најбрзиот пат до членство.
Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер изјави дека барањето на Украина за брзо членство во ЕУ нема да го забави европскиот пат на Северна Македонија, нагласувајќи дека поради регионалната стабилност, членството на Западен Балкан во ЕУ е од стратешки интерес.
Двајцата амбасадори истакнаа дека во последните години Северна Македонија постигна исклучително подобрување и ги исполни сите услови за почеток на преговорите, истовремено охрабрувајќи го продолжувањето на дијалогот со Бугарија за решавање на спорот.
