Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Неапол во јужна Италија.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 2 километри во вулканска калдера (вид кратер), на 14 километри од Неапол во 15 часот и 30 минути, јави агенцијата Анса.
Нема извештаи за повредени или оштетувања на згради, но земјотресот ги вознемири жителите на Неапол и околниот регион.
