Унгарија и Словачка ги блокираат плановите на ЕУ да ја санкционира Грузија поради насилство врз проевропските демонстранти и опозициските лидери, пишува во вторникот германската новинска агенција ДПА.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја оправда одлуката на неговата земја по состанокот на ЕУ во понеделникот во Брисел, тврдејќи дека Унијата застанува на страната на демонстрантите и дека Грузија е цел само затоа што на изборите победи патриотска и конзервативна партија, наместо либералните сили. Планот на ЕУ беше да воведе забрана за влез во ЕУ на неколку функционери одговорни за полициско насилство и замрзнување на имотот што може да се наоѓа во ЕУ.
Сепак, планот за укинување на безвизниот режим за Грузијците со дипломатски пасоши или за луѓето кои работат за владата во странство се уште е на маса. Планот е да се предложи на крајот на годината, изјави високиот европски комесар за надворешни работи и безбедност Каја Калас. За ова би било доволно само мнозинството гласови на земјите-членки, а не едногласна согласност како во случајот со санкциите.
Огромното мнозинство од членките на ЕУ веруваат дека грузиските власти неодамна користеа незаконско насилство и произволни апсења против демонстрантите и лидерите на опозицијата.