Унгарската амбасада во Париз добила закана за бомба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Персоналот на унгарската амбасада во Париз добил закана за бомба преку електронска пошта, соопшти денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Во објава на Фејсбук тој изјави дека француската полиција ги претресува просториите на Aмбасадата.

Заедно со заканата, испраќачот на мејлот испратил и слика од рачно изработена бомба, но полицијата не нашла таква направа, додаде Сијарто.