Унгарски кредит и стопански комори – одолговлекувањето не пречи, но за дел од нив има чудна измена на услови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стопанските комори не се лутат што доцнат парите од унгарскиот кредит, бидејќи се прошири листата кој се може да конкурира за парите. Според информациите, целата постапка со условите и договорите е при крај, но тие повторно не беа на вчерашната владина седница. Но, дел од бизнисмените со различни ставови околу измената со унгарските пари да можат да се градат комерцијални, а не само за свои потреби енергетски објекти од обновливи извори. Стопанската комора е задоволна од измената, од Сојузот на стопански комори се за старото решение.

„Ние го поддржуваме секое финансирање во обновливи извори на енергија кое што претпоставува производство за сопствени потреби… Бидејќи самата министерка ако се сеќаваме кажа дека нашиот електроенергетски систем не е во кондиција да прима толку многу произведена електрична енергија туку дека треба да се реформира, реадаптира итн.“, вели Драган Пехчевски.

Инаку, во петокот на 17.01. владата на седница со една единствена точка ги смени утврдените услови и дозволи секој кој сака да гради енергетски објекти од обновливи извори да може да конкурира за унгарските пари. Токму трговијата со струја и изградбата на мали хидроцентрали, фотоволтаици и ветерници беше сектор во кој изминативе десетина години многумина поранешни и сегашни политичари отворија компании. Меѓу нив се синовите на Зоран Заев и Али Ахмети, дел од семејствата на Заев и на лидерот на СДСМ, Венко Филипче како и поранешниот вицепремиер за економија Кочо Анѓушев и екс премиерот Димитар Ковачевски. Овој бизнис, откако стана лидер на ВМРО ДПМНЕ, го напушти премиерот Христијан Мицкоски.

Министерството за финансии, кое ги предложи овие измени, до затворањето на прилогот не одговорија на поставените прашања.

1. Беше најавено дека вчера на владина седница ќе се дефинираат условите и договорите по кои Развојната банка ќе може да ги одобрува средствата за Унгарскиот кредит. Ова не беше на дневен ред. Зошто?

2. На владината седница во петокот беа променети условите кој се ќе може да конкурира за унгарските пари. Се дозволи со овие пари да може да се градат комерцијални енергетски објекти од обновливи извори. Зошто ова се дозволи?

3. Дали ова не е одалечување од првичните идеи за кои цели требаше да се намени овој кредит?

4. Дали има тргување со моќ, бидејќи огромен дел од поранешни и сегашни политичари како и членови на нивни семејства имаат отворено фирми за изградба на вакви капацитети?

5. Кој изврши притисок да се воведе оваа можност?

6. Кој е личниот став на министерката за финансии за оваа измена?

„За да се запази декларираната транспарентност убаво ќе беше во камера да се одговореше дали има тргување со моќ, бидејќи голем дел од поранешните но и сегашни политичари и членови на нивните семејства отворија бизниси во овој сектор. Исто така убаво ќе беше да се знаеше кој извршил притисок за промените, но и да се чуе личниот став на министерката за финансии околу ова прашање.“, вели репортерот на ТВ21.

Од банкарскиот сектор пак велат дека е добро што и комерцијалните енергетски објекти ќе може да се градат со унгарските пари бидејќи Македонија значително заостанува во зелената транзиција и затоа е потребна поддршка од државата.

„Во таа смисла, сакаме да истакнеме дека  кредитна линија која има каматна стапка од 1,95% за крајниот корисник е можеби еден од ретките начини државата да помогне во зелената транзиција, особено што одредени проекти, како на пример ветерните паркови се исклучително комплексни за реализација и финансирање.“, велат од МБА.

И Народната банка ги поддржува таканаречените зелени кредити бидејќи во септември лани само 4,4 отсто или 330 милиони евра од сите кредити биле за зелена транзиција.