Вчерашните врнежи од дожд предизвика зголемување на нивото на водата кај неколку реки во тетовскиот регион, поточно во селата Теарце, Прешевце, Одра и Доброште. Поплавени се насади и дворови. Тв21 во текот на денешниот ден беше во селата Доброште и Теарце, кај изворот на Габровска река за да ја видиме одблиску ситуацијата.
Жителите на Теарце се жалат дека поплавите им предизвикале штети во насадите, дворовите и дека се плашат од електричните столбови кои претставуваат опасност.
„Три жици се над мојата куќа, има четири семејства, да паднеше столбот од горе ќе не изгореше.“
„Целата река формираше ново корито по моето земјиште , се уште не дојде никој. Бев во општина, се жалев, ми рекоа дека ќе испратат луѓе да ја исчистат реката и таа да се врати во коритото, моментално нема ништо, чекам.“
„Имаме материјални штети, многу, за среќа нема жртви. Има материјална штета, тоа и се гледа, не ветија ништо. Утринава беше градоначалникот и не вети ништо.“
Градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани изјави дека од 2015 година, во времето кога имаше поплави, побарал од Владата да се уредат коритата на двете реки, но од тогаш досега не е направено ништо.
„За прашањето на реката, информиравме дека од 2015 година кога имаше поплави во август и во тоа време направивме проект и побаравме да се уреди коритото на Габровска река во Теарце и од тогаш досега немаме ништо конкретно, секогаш во очекување дека ќе се направи нешто и продолжуваме во тој правец, за среќа има само материјална штета, нема жртви.“, рече Асани.
Според досегашните податоци, штета имаат и термоцентралите изградени на овие реки, но досега нема никакви податоци дали тие се целосно уништени, или делумно. Во текот на 2015 година во Тетово имаше поплави но од тогаш досега иако беше ветено уредување на коритата на реките, на терен не е направено ништо.
