Ураганот Мелиса предизвика смрт на повеќе од 30 лица и уништување во карипските земји, низ Јамајка, Хаити, Доминиканската Република и Куба, објави денес Скај њуз.
Службениците досега пријавија 25 смртни случаи во Хаити, осум во Јамајка и еден во Доминиканската Република.
Снимките од воздух ги прикажуваат градовите уништени од бурата, која стигна до копното во вторник, 28 октомври, како ураган од категорија 5 со ветрови до 295 километри на час.
