Уште една земја која е дел од „Шенген“ воведува пасошка контрола на границите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Откако Холандија повторно ќе започне со пасошка контрола на своите граници на 9 декември, таа ќе биде осмата земја-членка на Европската унија, односно деветтата земја-членка на Шенген, која ќе применува гранична контрола. 

Австрија, Германија, Данска, Франција, Шведска, Словенија и Италија ќе имаат контрола на преминувањето на нивните граници во Европската унија. Покрај нив и Норвешка, која е членка на Шенген, привремено ја врати контролата на своите граници.

Како причини за повторно воведување гранични контроли, земјите-членки на ЕУ и Шенген го наведоа високото ниво на нерегуларна миграција, криумчарењето мигранти и значително зголемените секундарни миграциски текови.

Повторното воведување на граничната контрола според Шенген правилата не може да биде подолго од шест месеци во континуитет, така што земјите-членки на ЕУ и Шенгенот донесуваат одлуки за продолжување на секои шест месеци.

Во согласност со ова, поголемиот дел од ЕУ , односно Шенген, членки кои ја вратија контролата на своите граници го направија тоа до првата половина на 2025 година.