Уште една недела остана до испитната сесија, но студентот Висар Незири сѐ уште не знае како и каде ќе ги полага испитите. Вели дека не е запознаен, затоа што Медицинскиот факултет во Скопје, на кој студира, сѐ уште го нема објавено решението. Испитите ги пријавил електронски, но не може да го избере датумот, бидејќи ќе има само еден испитен рок.
-На и-мејл кај сите студенти пристигна известување дека испитите треба да се пријават електронски. Ова е продолжение на она што беше, но какви измени ќе има понатаму, немаме никаква информација. Претходно за пријавување на испитите имавме два рока, а сега не е одредено и не знаеме како ќе се полагаат-вели студентот Висар Незири.
За разлика од Висар, Сенад Дошлаку, кој студира архитектура на Тетовскиот универзитет, знае дека испитите ќе се полагаат во просториите на факултетот, но нема информирација кога ќе се одржат, бидејќи како што објаснува, сѐ уште не се објавени датумите
ДОШЛАКУ: Испитите ќе ги држиме физички во простории на факултетот. Се разбира ќе треба да носиме маска и ракавици и да држиме растојание.
-Ќе можете да држите растојание?
ДОШЛАКУ: Да, верувам дека ќе можеме бидејќи студентите кои сме во група ќе се поделиме и така ќе биде побезбедно. Ова ќе се разликува од другите пати кога испитите сме ги држеле со многу студенти или цела група, овој пат ќе бидеме во редуциран број.
Инаку, од овие насоки кои бараат демонстрирање на терен, другите факултети, се дознава дека испитите ќе ги држат електронски како и предавањата. Што ќе биде со студентите на медицина, се уште нема одлука од МОН.
-Знаеме дека во неколку студентски програми и одредени предмети немаше можност да се организираат овие испити и ние инсистиравме да се организираат испити за предмети за кои тоа не е можно. Сега како што се менуваат околностите може да се менуваат и нашите мерки-вели Адеми.
На универзитетите , студентите не се очекува да се вратат само за испити. Насоките на биохемија се очекува да ги вратат и вежбите поради фактот дека наставните единици не можат да ги демонстрираат онлајн. Предавањата од март се одвиваа онлајн поради мерките за спречување на коронавирусот.
