Усмртени 2 пешаци за една недела – Скопје небезбедно за пешаците, до каде е „safe city“ на Спасовски?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата го блокираше булеварот кај Мавровка, бидејќи на неколку метри оддалеченост автомобил прегазил пешак. Несреќата се случила кај мостот Гоце Делчев а жртвата е маж во кого удрил автомобилот.

„Денеска во 11.15 часот е пријавено дека на булеварот Гоце Делчев, автомобил марка БМВ со кумановски таблички удрил пешак. Пешакот починал на лице место. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт“, велат од МВР.

Фатална несреќа се случи и синоќа меѓу два автомобила во скопско Лисиче, кога возач на возраст од 48 години починал на лице место, а неговата 15 годишна ќерка со која патувал, е тешко повредена.
Само пред 5 дена кај трговскиот центар Сити Мол 22 годишник со иницијали И.Ѓ. прегази 24 девојка, Викторија која починала на местото на настанот.

Пред 10 години низ цело Скопје беа поставени безбедносни камери и се регистрира секое движење на граѓаните и возилата, но системот за следење преку овие камери се уште не функционира!

Казните се уште ги пишуваат полицајците кои ги застануваат автомобилите со палката СТОП. Зборувајќи на оваа тема, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пред една година на ТВ21 рече дека системот ќе се надгради, но до сега ништо не е преземено.

Прашавме уште еднаш во МВР за тоа кога ќе се реализира ветувањето на Спасовски за “Safe City“за безбедност во сообраќајот, но до сега не добивме одговор.

Последниве 24 часа полицијата регистрирала 203 прекршоци од страна на возачи во целата територија на земјата. Во последно време стана тренд младите да снимат додека возат со преголема брзина и потоа истите видеа ги објавуваат на социјалните мрежи.