„Успех е ако до 2023 се отвори нов граничен премин, а до 1-ви март имаме комерцијални летови Скопје-Софија“, рече Ковачевски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Димитар Ковачевски и Кирил Петков на заедничка прес конференција рекоа дека во Скопје и Софија се разговарало за политичките прашања меѓу двете земји, со акцент на темите кои ги опфаќаат ново-формираните работни групи.

„Ако сме кажале дека ќе има авионска линија меѓу Скопје и Софија, критериум за успешност е ако следната недела имаме оператори кои од Софија ќе дојдат во Скопје или обрано, каде ќе разговараат за екононсмски најодржливата авионска линија која би се воспоставила и би почнала со комерцијални летови од 1-ви март“, изјави премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека за успех меѓу двете држави ќе се смета ако во 2023 година, 13-те километри пат до граничниот премин „Клепало“ бидат реализирани и да се отвори тој граничен премин.

„Во однос на политичките прашања, критериум за успешност е доколку низ разговор на сите овие комисии и низ еден политички дијалог меѓу владите и другите чинители според уредувањата на државите постигнеме договор и во догледен период да имаме прва меѓувладина конференција за РСМ со ЕУ“, рече Ковачевски.

Ковачевски додаде дека ќе остави процесот да тече, преку заеднички разговори, враќање на довербата и да се оди чекор напред заедно.

Од Софија за ТВ21, Јовица Пауноски