Успешно лансирана ракетата „Фалкон-9“ на „СпејсЕкс“ со четворица астронаути

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Нов, непознат, вид на коронавирус пронајден во познатиот зимски туристички центар во Германија

На клиника во Гармиш-Партенкирхен, според пишувањата на германските медиуми, пронајден е нов, досега непознат сој на коронавирус. Во болницата...

Во Скопје 179 санкционирани возачи, 29 за брзо возење, 14 за минување кроз црвено

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 179 мерки, од кои 29 за...

Тлото во Хрватска и натаму се тресе: Еден земјотрес регистриран во близина на Петриња, втор во Загреб

Нов земјотрес во близина на Петриња е регистриран синоќа во 21:36 часот. Земјотресот бил со јачина од 3,3 степени...

Во Франција речиси 6.000 казни во продолжениот полициски час

Речиси 6.000 казни се регистрирани во првиот ден од продолжениот полициски час, што беше воведен во обид да се...

412 санкции за неносење на маска

Во текот на изминатото деноноќие (17/18.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична...

 Ракетата „Фалкон-9“ и сондата „Кру Драгон“ со тројца американски и еден јапонски астронаути успешно беше лансирана синоќа од космодромот Кејп Канаверал на Флорида, јави Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА).

Ракатата сондата е на приватната компанија „СпејсЕкс“ чиј основач е Елон Маск. Четворицата космонаути беа превезени до Меѓународната вселенска станцица (МВС).

Повеќенаменскиот прв степен на ракетата се оддели и успешно се приземји на платфома во Тихиот Океан, истакнаа од НАСА. Одделувањето на вториот степен исто така беше успешно. Откако ја напушти земјината гравитација, вселенскиот брод се движеше со брзина од 27.000 километри на час.

Лансирањето на ракетата беше закажано за 14 ноември, но се одложи за 24 часа поради непогодни метереолеошки услови.

Во составот на екипажот се Американците Мајкл Хопкинс, Шенон Вокер и Виктор Гловер, како и Соичи Ногучи, космонаут на Јапонската агенција за аеронаутичко-вселенски истражувања. Гловер е првиот Афроамериканец, член на екипажот на МВС.

Престојот на четворицата астронаути на станицата ќе трае шест месеци.

Ова беше втора мисија на „Драгон кру“ со човечки екипаж, а првата се случи во мај кога во велената беа испратени двајца космонаути.