Уставни измени – Маричиќ вели дека е рано, ВМРО смета дека власта нема мнозинство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според власта, сега е рано да се зборува за уставните измени и внесување на Бугарите во Уставот.

Според вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, постапката на уставните измени ќе започне во некоја понатамошна фаза, бидејќи скрининг процесот дава доволно време за завршување на уставните измени.  Тој смета дека процесот на уставните измени нема да биде лесен поради, како што рече, лажните вести поврзани со договорот со Бугарија.

Но според потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочкоска, власта нема мнозинство од 80 гласа за уставните измени и токму затоа смета дека е одбиен предлогот на нивниот лидер Мицкоски итно да се свика Собранието и на дневен ред да се стават уставните измени.

Пред неколку дена, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски упати апел за итно свикување на Собранието и на дневен ред да се стават уставните измени. Предложи доколку поминат истите, дека тој тогаш ќе си поднесе оставка од политиката, но доколку не поминат, рече дека земјава треба веднаш да оди на предвремени парламентарни избори.