Уставни измени пред формирање на нова Влада? Агелер за ТВ21: „Верувам? Тука сѐ е возможно!“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Имало преседани каде амандмани се гласале за време на техничка Влада“, вели во ексклузивно интервју за ТВ21 амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела Агелер.

ТВ21: Во последно време слушаме се почесто од албанските политички партии, сега имаме два блока, прво уставни измени, па потоа формирање на Влада. Дали ова е ново за вас?

„Јас сум го слушнала тоа, сум слушната неколку различни опции, за тоа како тоа би било возможно“

вели Агелер.

ТВ21: Дали е изводливо?

„Верувам! Верувам дека имало преседани, не мислам пред декади, но имало преседани каде амандмани се изгласувале за време на техничка Влада. Една од работите кои јас ги научив, служејќи овде е дека сè е возможно“

додава Агелер во интервјуто го во целост ќе се емитува вечерва од 20 часот и 45 минути на ТВ21.

Во интервјуто разговараме за изборите за парламент и претседател, корупцијата во земјава, црната листа на САД, владеење на правото.