Уредбата на Министерството за образование за воведување на обврска за носење маски во училиштата, како и поделба на часовите поради корона мерки во пролетта нема правна основа. Тоа го одлучи Уставниот суд на Австрија.
Уставниот суд со таквата одлука им даде право на родителите на две деца кои се жалеа на уредбата што предвидува носење маска во училиштата надвор од училницата и поделба на одделенијата со наизменична настава.
Подносителие на жалбата тврдат дека регулативата го крши правото на еднаквост, правото на приватност, но исто така и правото на образование.
