Уставните измени за следниот мандат? – Ковачевски: Треба да му се остави простор на ваквиот процес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски вели дека треба да се остави простор на овој процес и дека треба да се направи обид уставните измени, а со тоа и на целиот процес на интеграцијата во Европската унија, да тече побрзо. Тој ова го изјави откако претседателот на државата Стево Пендаровски во неговото вчерашно интервју рече дека можеби треба овој процес да се остави за идниот состав на парламентот.

Треба да му се остави простор на ваков процес затоа што ова се одлуки кои што за жал, секогаш има некој во политичкиот спектар кој сака да ги искористи за свој личен ќар да игра на емоциите на граѓаните, да игра на популизам. Прво ние ќе се обидеме овој процес да се заврши побрзо затоа што не сакаме другите земји од регионот отидат пред нас“, вели Димитар Ковачевски.

Претседателот Пендаровски во интервјуто посочи дека тој смета дека францускиот предлог е добар и ќе се залага до крај да се случат уставните измени, но доколку сепак до крајот на годинава не се излгасаат ќе треба да се остават на следниот парламентарен состав.

Јас би сугерирал, значи под претпоставка, не можема ова првото да го направиме, денес, утре, задутре, да не се држиме до рокови, 30 ноември или први декември, до крајот на годината, да ја мавнеме таа работа, да ја ставиме ад-акта и да му дозволиме на утрешниот парламентарен победник и коалиција да се бави со тоа прашање. Бидејќи, со сила убавина не бива“, порача Стево Пендаровски.

Евроамбасадорот Дејвид Гир не сакаше да ја коментира ваквата изјава и само повтори дека уставните измени треба да се случат што е можно поскоро затоа што се потребни за продолжување на европскиот пат на земјава.

Тоа е прашаање кое што е во рацете на самата земја и во рацете на Собранието и тие кои што се засегнати со тоа. Се разбира дека тоа е суверена одлука која што треба да се носи, но штом ќе се донесе таква одлука веќе преминуваме кон следниот чекор, што значи дека земјата продлжува да се придвижува напред на патот кон Европската унија што значи дека нема други дополнителни одлуки кои што треба да се носат понатаму“, вели Дејвид Гир.

За прашањето на уставните измени опозициската ВМРО-ДПМНЕ досега не го смени ставот дека тие нема да прифатат менување на Уставот, според како што велат, бугарски диктат.