За лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, темата за уставните измени веќе е затворена. Тој не сакаше ниту да коментира за работната група која ќе работи на уставните измени која моментално е составена само од претставници на власта, без експерти.
Мицкоски пред неколку дена уверено изјави дека нема да има уставни измени. Премиерот Димитар Ковачевски прашан за изјавата на Мицкоски, рече дека лидерот на опозицијата не е ниту пратеник ниту релевантен за да зборува за оваа тема, а како второ, многу често ги менува ставовите.
Од Министерството за правда најавија дека експертите кои ќе бидат дел од работната група ќе бидат познати до крајот на неделава, а вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, потврди дека работната група за уставните измени ќе се состане веднаш после празниците каде ќе се формулираат предлозите, потоа ќе следува јавна расправа и предлозите ќе бидат доставени во Собрание.
Освен ВМРО-ДПМНЕ и Движење Беса и Алтернатива нема да учествуваат во оваа тело.
