Уставноста и законитоста на „мораториумот на градби“ пред Уставниот суд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во рамки на денешната 34-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија се расправа за оценка на уставноста и законитоста на шестата точка од дневниот ред, Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, донесена на 27 март 2019 година.

По поднесената иницијатива до Уставниот суд, Општина Центар дала навремен и соодветен одговор со кој ја оспорил истата како неоснована.

Од Општина Центар ценат дека деталните урбанистички планови мора да бидат усогласени со генералниот урбанистички план како план од повисок ранг.

– Одлуката што Општина Центар ја има донесено на 27 март 2019 година не е во спротивност на важечките прописи и истата има за цел да го заштити јавниот интерес кој е примарен за сите жители, а е загарантирано согласно Уставот. Просторното и урбанистичко планирање е еден долготраен и плански процес кој опфаќа низа дејствија кои сами по себе си се надополнуваат и си противречат во смисла на размена на идеи и плански реализации. Тоа има за цел да обезбеди и заштити сè она што претставува хуман и нормален човечки развој на одреден простор, почитувајќи го јавниот интерес како примарен. Оттука, хиерархијата на планските документи при носењето на урбанистичките планови мора да биде запазена бидејќи таа е суштинска при оправданоста во постапката на донесување на пониските акти кои произлегуваат од повисоките, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Посочуваат дека Општина Центар останува доследна и посветена при спроведувањето и реализацијата на деталните урбанистички планови во интерес на граѓаните и општината.