Усвоено законското решение – ДДВ за струјата на домаќинствата се намалува од 18 на пет проценти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Собранието денеска е усвоен Закон за измени и дополнување на Законот за ДДВ, со којшто се предлага намалување на стапката од 18 на 5 проценти за прометот и увозот електричната енергија за домаќинствата за период од денот на влегување во сила на овој закон до 30 јуни 2022 година како и оданочување со даночна стапка од 10 проценти за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година.

Вкупно присутни пратеници имаше 105, а 83 пратеници гласаа „За“, додека пак немаше „Против“ и „Воздржани“.