Утре без струја делови од неколку скопски општини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Центар, Гази Баба и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од ул. 6 во село Бардовци, Општина Центар.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од бул. „11 Октомври“ бр. 6, Општина Центар.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. 5 во село Јурумлери, дел од ул. 6 во село Јурумлери, фирмата „Коки Д Компани“ и околните улици до трафостаницата во истото село, Општина Гази Баба.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Кичевска“, „Ибе Паликуќа“ и „Зендел Ајдини“, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 08:15 до 15:45 без струја ќе бидат корисниците од ул. „Никола Киров Мајски“ броевите 7а, 9, 11, 13 и зграда 55, ул. „Париска Комуна“ зграда бр, 99 и ул. „Благоја Стефковски“ зграда бр. 55, Општина Гази Баба.