Утре истекува рокот за Законот за работен однос, дали ќе успее власта да го пролонгира пензионирањето на судиите?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со тензии, обиди за исклучување на микрофонот и кинење на амандманот од страна на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска. Вака заврши синоќа седницата на законодавната комисија каде беа разгледувани измените на законот за работни односи.
Измените предвидуваат продолжување на работниот стаж на судиите и обвинителите, но не се знае кога ќе бидат усвоени, а рокот за гласање на пленарна седница истекува утре. Собранискиот спикер Талат Џафери на брифинг со новинарите рече дека законот може да се изгласа уште вечерва доколку има политичка волја.

„Да, законот за работни односи има рок да биде усвоен. Седницата започна прво, а за гласање, ќе се гласа доколку постои политичка волја од пратениците. Се уште не е закажана пленарна седница.
Опозицијата е против измените на законот бидејќи сметаат дека преку овој закон власта сака да им го продолжи мандатот на партиските судии и обвинители“, рече Џафери.

Координаторот на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски очекува пратениците од мнозинството да го изгласаат вечерва или утре пред интерпелацијата на Џафери, се со цел опозицијата да не може да зборува на интерпелација.

Од друга страна, шефот на ПГ на СДСМ, Јован Митревски рече дека можно е уште вечерва да се усвои законот.

Доколку не поминат измените, тогаш за два дена околу 60 судии и 10 обвинители ќе почнат да се пензионираат еден по еден, бидејќи имаат по 62 односно 64 години.