Утре на плоштадот „Скендербег“ се отвора Саем на книги на албански јазик „Скопје 2026“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Почнувајќи од утре, 4 јуни, па сè до 7 јуни, на плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе се одржи Саем на книги на албански јазик „Скопје 2026“.

Се очекува на саемот да учествуваат 55 издавачи од Македонија, Косово и Албанија. На последниот ден од саемот ќе бидат доделени и книжевни награди. Директорот на издавачката куќа „Тоена“, Фатмир Точи, изјави дека доаѓаат во Скопје првпат и дека очекуваат саемот да го претворат во вистински празник на книгата.

„Сметаме дека овој културен настан, кој е дел од Културното лето на Чаир, ќе го покаже интересот на читателите и на јавноста и навистина ќе биде величествен настан – добра можност читателите и љубителите на книгата да се соберат на едно посебно место, овде на плоштадот „Скендербег“, вели Мухамед Муртези, претседател на Советот на Општина Чаир.

„Во текот на овие три дена од саемот ќе се реализираат многубројни активности. Секој ден, речиси секој час, ќе има нова активност. Почнувајќи од утре, по свеченото отворање кое е закажано за 11 часот, ќе продолжиме со активности и промоции на нови книги од албански автори.“, изјави Ирена Точи, извршна директорка на Институтот за книга.

„Можеби ова е првпат во Скопје да дојдат најистакнатите издавачи од целиот албански свет, со цел овој настан да се претвори во празник на книгата, со една покана – луѓето да се доближат до книгата, а не, како што понекогаш се вели од вас тука, само една книжарница за да се продаваат обични книги“, рече Фатмир Точи, претседател на Издавачка куќа „Тоена“.