Локалните граѓани, роднините и пријателите денеска во Посушје ги испратија двете млади тинејџери М.Р. и С.Ј. до нивното последно почивалиште, а телата на нивните шест пријатели, кои исто така починаа по задушување со гас, ќе бидат закопани утре во местото Ракитно.
Истрагата се уште трае.
Тоа денеска во Посушје го потврди и шефот на западнохерцеговачкиот кантон Милан Галиќ.
Во разговор за Аваз тој потсетил дека примероци од крвта и урината се испратени во Сараево на анализа.
Галиќ наведува дека ќе има извршена токсиколошко и хемиско вештачење, но ќе се вештачат и уредите од куќата.
„Бидејќи причината за смртта на осумте млади лица е задушување, што најверојатно се случило поради издувните гасови од агрегаторот лоциран во оставата, до просторијата каде се пронајдени момчињата и девојчињата, потребно е да се направи вештачење на тој уред.
Галиќ открива дека покрај агрегаторот, ќе биде спроведено вештачење и на печката на дрва, како и оџакот.
„Во викендицата, како што е утврдено во текот на увидот, имало и печка во која имало жар, а за да се утврди точната причина за смртта, односно да се утврди како настанало задушувањето, ќе се изврши вештачење и на оџакот. Исто така, по потреба ќе се сослушаат и други личности во сите околности“, вели за Аваз, Милан Галиќ.
