Утре протестите почнуваат напладне – Спасовски: Се преземаат мерки за заштита на пратениците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште две лица се приведени поради насилството пред Собранието и напад врз полицијата, информираат од МВР. Приведените лица се на возраст од 18 и 32 години, а против нив е покрената и кривична пријава за делото „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Протести ќе има и утре, но со нов распоред. Македонската опозиција повика на протести токму напладне кога Собранието ќе го разгледува францускиот предлог, а претседателката на Европската комисија ќе им се обрати на пратениците.

Првиот човек на МВР, Оливер Спасовски, уверува дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки.

Спасовски додава дека се работи на подготовка на добар оперативен план.

Протестите продолжуваат и вечерва по истата маршрута – Влада, МНР и пред Собрание. Во текот на 9-те дена, колку што траат протестите, повредени се 54 полициски службеници.