Утре скопјани ќе се разбудат со парно – Бислимовски: Ќе имаме проблеми првите денови, ве молам за трпение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скопјани кои се греат од градско парно, утре ќе имаат топли станови, бидејќи денеска Електрани на Северна Македонија доби три лиценци, за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Претседателот на Регулаторна Марко Бислимовски рече дека температурата на радијаторите ќе биде 21 степен иако во европските земјите истата изнесува 19 степени. Бислимовски додаде дека ќе има одредени проблеми за што ги замоли граѓаните за трпение.

Сега за сега земјава има гас за следните две недели, но РКЕ уверува дека ќе има греење до крајот на сезоната. Што се однесува до компанијата ТЕ-ТО, неизвесно е дали ќе функционира, но Бислимовски вели дека скопјани имале топлинска енергија и пред 2012, кога оваа компанија почнала да функционира. Од друга страна, претседателот на РКЕ смета дека училиштата и други институции не треба да бидат на регулираниот пазар за електрична енергија бидејќи така ќе биде оштетена ЕСМ.

На ЕСМ лиценцата за производство и е дадена за до април 2023, лиценцата за дистрибуција на 35 години а за снабдување на 10 години. Од РКЕ појаснуваат дека Србија, Италија, Швајцарија, Австрија и Германија ја одложиле грејната сезона за 1 недела.