Утре Собранието ќе расправа за францускиот предлог – во поддршка доаѓа и претседателката на ЕК, Фон Дер Лајен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре пред почетокот на собраниската седница за информацијата за францускиот предлог, на пратениците ќе им се обрати претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Потоа, пратениците ќе дебатираат а предлогот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски напиша дека информацијата за содржината за предлог преговарачката рамка, може да помине, но не и уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот. Од друга страна, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели дека власта се обидува да го искористи Собранието како алиби за прифаќање на францускиот предлог.

На прашањето какви заклучоци би прифатиле тие за едногласно усвојување во Собранието, Милошоски рече дека заклучоците во врска со Информацијата би имале смисла само доколку нив ги прифати Владата.

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески вели дека пратениците во Собрание со усвојување на заклучоците го потврдуваат интересот за интеграција во ЕУ.

Власта останува на ставот дека францускиот предлог е добар и дека треба да се прифати за симнување на бугарското вето деблокирање на процесот на евроинтеграциите на земјава. Вицепремиерот Артан Груби на прошталната средба со амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс, истакнал дека европскиот предлог не го загрозува македонскиот јазик и идентитет.