Утре средба Заев-Ахмети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ДУИ и СДСМ денеска преку соопштение известуваат дека во разговорите одржани на ниво на партиски секретари меѓу Артан Груби од ДУИ и Љупчо Николовски од СДСМ постигнат е сериозен напредок скоро во сите прашања коишто водат до договор за нова Влада.

Тие воедно и информираат дека утре ќе има средба меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Со оглед на итноста и потребата да се дејствува брзо на клучните институции во земјава со цел решавање на здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, утре ќе се одржи клучна средба меѓу претседателите Али Ахмети и Зоран Заев каде се очекува да биде постигнат конечен договор за нова, стабилна Влада, посветена на четиригодишен мандат“, се вели во соопштенијата од ДУИ и СДСМ.