Средношколците за утре најавуваат протест пред Министерството за образование. Покрај протестот, ќе има и бојкот на наставата.
Средношколците бараат да биде укината државната матура.
„Исто така утре 11.12.2020 освен протестот пред МОН, ќе се одржи и бојкот низ средните училишта. Имаме информации дека во одредени средни училишта професорите вршат притисок врз учениците да не присуствуваат на протестот и бојкотот. Ве охрабруваме да излеземе бидејќи и ние средношколците имаме право на глас.“, се вели во соопштението.
Протестот е најавен за 15:30 до 16:30 часот.
Исто така утре 11.12.2020 освен протестот пред МОН, ќе се одржи и бојкот низ средните училишта. Имаме информации дека во…
Posted by Средношколски Глас on Thursday, December 10, 2020
