Утре во 11 седница на ДИК за конечни резултати, во 12 свечена седница за издавање на уверенијата за новите пратеници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре за во 11 часот Државната изборна комисија закажа седница на која ќе бидат соопштени официјалните и конечни резултати од одржаните предвремени парламентарни избори, дознава ТВ21.

Во 12 часот пак ќе се одржи нова свечена седница на која ќе бидат издадени уверенијата за новите 120 пратеници кои ќе го формираат 10тиот по ред парламентарен состав.

Управниот суд не прифати ниту една од поднесените тужби.