Утре воздушна дезинсекција против комарци во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Град Скопје соопшти дека утре, во раните утрински часови, ќе се спроведе воздушна дезинсекција против возрасните форми на комарци на целата територија на главниот град.

Надлежните информираат дека, доколку временските услови не дозволат спроведување на прскањето, акцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со соодветни временски услови, во истиот термин.

Воедно, Град Скопје ги повика пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на процесот на дезинсекција.