Утре започнува пописот на дијаспората – иселениците не се информирани од амбасадите како треба да постапат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од утре започнува првата фаза од пописот на населението. Први ќе се попишат дијапсората, вработените во дипломатските претставништва и конзулати како и нивните семејства, припадниците на армијата надвор од земјава, затворениците и бездомниците.  ТВ21 контактираше со неколку претставници на здруженија во дијаспората, дали имаат доволно информации за постапката на пописот. Шериф Нуредини иселеник во Италија кој е претседател на албанското здружение “Шќипоња“ (Орел) , вели дека немале никаква информација во врска со пописот и дека е настаната голема збрка.

Кадри Исмајли од Швајцарија, сопственик на РТВ АРТ вели дека во Швајцарија има минимум 150 илјади граѓани од РСМ кои треба да се попишат. Тој рече дека преку радио ќе придонесе за информирање на дијаспората за пописот, но вли дека ниту тој нема официјални информации од амбасадата.

Инаку, прашалникот за самопопишување ќе биде достапен од 1 март за дијаспората. МНР објави прирачник или видео објаснување со сите чекори и детали за методата на пописот. Откако индивидуата ќе влезе на веб страната stat.gov.mk, најпрво се регистрира со емаил адреса, потоа следи пасворд за регистрација. Прашалникот е достапен на 8 јазици, а само пописот се состои од 7 полиња со прашања за лицето кое се попишува.  Адресата на живеење во Северна Македонија, податоци за членовите од семејството, дали индивидуата има друго државјанство, причини за иселувањето, брачен статус и етнокултуролошки карактеристики се некои од прашањата во онлајн апликацијата за самопопишување.

Пописот на дијаспората трае до 21 април 2021.