После студените утра во изминатите неколку денови, денеска немаше место со минусна температура низ земјава. Најстудено беше во Тетово, Крушево, Лазарополе и Маврови Анови, каде беа измерени два степени.
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):
2 Тетово, Kрушево, Лазарополе, Mаврови Анови, 3 Скопје-Зајчев Рид, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Велес, 5 Струмица, Штип, Куманово, Берово, Виница, Кавадарци, 6 Прилеп, Охрид, Претор, 7 Битола, 8 Демир Капија, Гевгелија.
Низ Македонија во изминатите 24 часа имаше и врнежи. Најмногу дожд наврна во Гевгелија (10 литри на метар квадратен), па потоа во Пожаране, Пожар, Крушево, Тетово, Охрид…
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
10 Гевгелија, 8 Пожаране, 7 Пожар, 6 Крушево, Тетово, Охрид, Лазарополе, Mаврови Анови, Претор, 2 Демир Капија, Велес, Прилеп, Битола, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Струмица, Виница, Штип, Кавадарци, Тополчани.
Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
