БиХ се „распадна“ во финишот, Швајцарија со убедлива победа кон следната фаза

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекцијата на Босна и Херцеговина останува на еден освоен бод на Светското првенство, откако загуби од Швајцарија со убедливи 4:1.

Неверојатно е тоа што сите голови се случија во последните 15 минути од средбата. Швајцарците поведоа во 74. минута со голот на Манзанби. Потоа дојде и црвениот картон на Мухаремовиќ, што го најави целосниот „распад“ на Босанците.

Варгас во 84. минута зголеми на 2-0, а потоа Манзамби и на 3-0. Махмиќ намали на 3-1, но на крајот Џака од пенал успеа да ги постави конечните 4-1.