Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде имаше и најмногу снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со 37 сантиметри утрово, најмногу снег има на Попова Шапка. По него следуваат Крушево со 14 сантиметри, и Маврово со 12 сантиметри.

Најладно беше токму во Попова Шапка каде беа измерени -6. По него следуваа Маврово -3, и Крушево -2. Битола беа измерени -1, а на другите места секаде температурите беа во плус.

Претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намали насекаде и ќе преовладува сончево време. Максималната температура ќе биде во
интервал од 7 до 13 степени.