Утрово најстудено на Попова Шапка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најстудено утрово беше на Попова Шапка каде се измерени -4 степени, а снежната покривка достигна 77 сантиметри. Нула степени се измерени во Крушево, Маврови Анови и Лазарополе, додека 2 степени се регистрирани во Претор.

Температура од 4 степени е измерена во Крива Паланка, Битола, Охрид и Берово, додека 5 степени се измерени во Прилеп. Во Тетово, Штип и Виница се измерени 6 степени, а 7 степени во Скопје (Петровец и Зајчев Рид), како и во Куманово, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Струмица и Гевгелија.

Во однос на врнежите, најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно со 08 часот, наврнале во Демир Капија – 28 литри на метар квадратен. Следуваат Маврови Анови со 17, Кавадарци со 16 и Крушево со исто толку литри. На Попова Шапка се измерени 15 литри, додека 13 литри во Битола и Пожаране.

Според прогнозата, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе достигне до 14 степени.