Утрово најстудено во Берово, измерени -9 степени!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -9 степени.

Веднаш по него се и -8 степени во Скопје-Петровец, Битола, Струмица, -7 во Тетово, Прилеп, Велес, Штип, Демир Капија, -6 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Кавадарци, -5 во Гевгелија, -4 во Охрид, -3 во Претор, Виница.

Температурите во плус се на Mаврови Анови каде измерен е 1 степен и 2 степени на Попова Шапка и Kрушево.

Претпладне сончево, попладне облачноста ќе се зголеми. Поради продор на постуден воздух од север кон крајот на денот и во текот на ноќта во северните и западните делови ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје, претпладне сончево, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.