Утрово нема минусни температури низ Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово нема никаде минусни температури.

Најстудено е на Попова Шапка каде се измерени 0 степени, а веднаш по него 4 степени во Kрушево, Лазарополе, 5 во Mаврови Анови, 7 во Претор, 8 во Берово, Куманово, 9 во Тетово, Охрид, Прилеп, Битола, Гевгелија, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, 11 во Кавадарци, 12 во Крива Паланка, Штип, Велес, Виница, 13 во Скопје-Петровец, Демир Капија.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.