Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, инфомираше дека утрово пристигна потполковникот кој е сомнителен на јужно-африканскиот сој на коронавирус. Над него е направена т.н. „медицинска евакуација“, и е сместен на Инфективната клиника.
„Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација“, напиша Шекеринска.
Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен…
Posted by Radmila Sekerinska on Tuesday, May 11, 2021
