Утрово спиеја на земја – пожарникарите цела ноќ се бореа со пожарот во Пехчево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минатата ноќ беше многу долгата за жителите на Пехчево.

Пожарникарите заедно со доброволците, без прекин се бореа да го изгаснат пожарот. Жителите со багери се обидуваа да го изгаснат пламенот.

До раните утрински часови пожарникарите без запирање се бореа, а уморот се забележуваше во раните утрински часови.

Од Министерството за одбрана информираат дека војниците учествуваат во гаснењето на пожарот.

„Над 200 војници се позиционирани во регионот на Пехчево и Делчево. Друг дел се позиционирани во Валандово, Старо Негоричане и Плетвар“, велат од Министерството за одбрана.

Пожарите кои не можат да се изгаснат од копно, се гасат со помош на хеликоптерите кои дојдоа од Србија.

Поради состојбата со пожарите во земјава, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба која ќе трае 30 дена.

„Одлуката за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена е донесена со оглед на потребата од рационално користење на националните ресурси и координираното дејствување на сите засегнати институции, заради зголемената појава на пожари и спречување на нивно ширење“, велат од Владата.

Кризната состојба се дефинира како ситуација предизвикана од ризици што можат да го загрозат доброто, здравјето и животот на луѓето и животните, како и безбедноста на државата, чија превенција бара употреба на поголем обем на ресурси. Владата, исто така, одлучи да одвои 10.000 денари за вкупно 300 граѓани, дел од нив се  пожарникари и граѓани кои помогнаа во гаснењето на пожарите кои ги зафатија шумите во земјата.