Утрово земјотрес кај Дојран

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, 16.11.2024 година во 5 часот и 31 минута, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дојран и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.