Ужас во Србија: Бебе паднало од четврти кат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Едногодишно дете попладнево паднало од четврти кат во зграда во населбата Оаза, во Нови Пазар.

Инцидентот се случил во 16 часот и 20 минути, а според првите информации, детето е во критична состојба и неговиот живот е во опасност.

Брзата помош брзо реагирала, а бебето е пренесено во болница за понатамошна медицинска помош, јавува Нова.рс.

Околностите кои довеле до оваа трагедија се уште не се познати, но полицијата е на лице место и врши увид.