Епидемијата на коронавирус во Италија не опаѓа. За само 24 часа, бројот на заразени лица е зголемен.
Властите започнаа со карантин за 16 милиони луѓе.

До 3 април ќе бидат затворени спортски сали, кина, музеи, културни центри, скијачки центри … Нема да има свадби или погреби.
Ресторани и кафулиња ќе бидат отворени само од 6 до 18 часот, а на луѓето ќе им биде дозволено да седнат на оддалеченост од најмалку еден метар.

На луѓето им се советува да останат во домовите што е можно повеќе. На оние што не ги исполнуваат пропишаните мерки им се заканува затвор до три месеци, јави Би-Би-Си.
Снимките што доаѓаат од овие градови денес ја прикажуваат празнината на улиците.



